За Русите веќе нема Домино’с Пица, компанијата прогласи банкрот

Фото: Instagram

Русите ќе се простат и од познатите Домино пици. ДП Eурасиа, компанијата која управува со филијалите на мултинационалниот ланец Домино’с Пица во Русија, Турција, Азербејџан и Грузија, објави дека ќе го затвори својот бизнис во Русија. Компанијата има 142 ресторани во Русија и е трет по големина ланец за испорака на пици во земјата. ДП Еурасиа вели дека се обидела да најде купувач, но не успеала, па затоа ќе поднесе барање за банкрот на својата руска подружница.

„Во ова тешко економско опкружување, холдинг-компанијата на ДП Русија е принудена да го преземе овој чекор, што ќе стави крај на обидите за продажба на ДП Русија, како и на присуството на групата во земјата“, се вели во соопштението за печатот. По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, многу западни компании ја напуштија Русија. Други ја објавија својата намера да заминат, но одложија.

Во меѓувреме, властите во Москва излегоа со секакви мерки за да го блокираат одливот на капитал и да ги принудат странските инвеститори да ги продаваат своите бизниси за беда на локалните фирми. За да замине една западна компанија мора да добие одобрение од специјална владина комисија, а процедурата е долга и напорна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот