За помалку од еден месец во Франција забележана рекордна количина на врнежи

Фото: EPA-EFE/PETER RAE

Во Франција за 26 дена, од 18 октомври до 12 ноември, е забележана рекордна количина на врнежи досега.

Француската метеоролошка агенција соопшти дека во тој период биле забележани просечни 215,4 милиметри дожд на метар квадратен, објави „Фигаро“.

Се посочува дека поради поројните врнежи, поплави го погодија Па-де-Кале на северот на Франција.

Тие екстремни временски услови не се без последици по населението. Бурите Киеран и Домингос предизвикаа штета од околу 1,3 милијарди евра, една од најголемите загуби од невремето во Франција, објави Федерацијата на француските осигурителни компании.

Во поплавите и невремето Киран и Домингос во Франција загинаа три лица, а десетици се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот