За нецел месец во полошко санкционирани 200 возачи кои возеле без возачка дозвола

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во текот на овој месец, заклучно со денеска на подрачјето на СВР Тетово вкупно се откриени и санкционирани 200 лица (ТЕ-164 и ГВ-36) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

„Во изминатите девет месеци од годинава, пак, вкупниот број на санкционирани лица на ова подрачје изнесувал 1653 (ТЕ-1219 и ГВ-434). Претежно станува збор за помлади лица кои во најголем број управувале патнички моторни возила, иако претходно не ја посетувале предвидената теоретска и практична обука и не го положиле задолжителниот возачки испит. На сите им се изготвени поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, како и на сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола“, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово и оваа година во континуитет спроведува редовни и акциски контроли во чие средиште, покрај другото, се и овие лица и апелира да не се седнува зад управувачот без положен возачки испит.

„Зашто, необучените возачи ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на младите-адолесценти кои и без дозволи возат пребрзо и најнепосредно ја загрозуваат вкупната сообраќајна безбедност“, вели портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот