фото: Слободен печат/ Драган Митрески

За годинешните ваучери за домашен туризам – 15 милиони денари

Министерството за економија согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи за годинава има предвидено 15 милиони денари и тие ќе бидат наменети за издавање на Ваучери за туризам за работници со ниски приходи, информираат од ресорот за „Слободен печат“.

Во една претходна изјава, министерот за економија Крешник Бектеши, посочи дека ваучерите за домашно летување ќе продолжат од април годинава. Во прилог на овие најави оди и вчерашната изјава на Бектеши, дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе и затоа ќе продолжат да спроведуваат мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации.

-Вредноста на ваучерите ќе изнесува 12.000 денари и тие ќе можат да ги користат вработени лица кои не надминуваат приходи во семејство над 30.000 денари месечно – додаваат од Министерството за економија.

Од ланската мерка „Дома си е дома“ беа искористени 46.000 ваучери, а статистичките податоци за раст на бројот на домашни туристи, покажаа дека мерката ги дала очекуваните резултати. Во предлог – буџетот за 2021 година, Министерството за економија, предвиде средства за продолжување на мерката по барање на туристичкиот сектор.

-Мерката ќе се продолжи, веќе во вториот квартал, односно во април 2021 – соопшти лани министерот Бектеши.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот