Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

За елката на Новак Ѓоковиќ се зборува со години: Јелена избра уникатни украси со силна симболика

Украсувањето на елката во домот на Новак Ѓоковиќ е поинакво и автентично. Иако Јелена и Ноле ретко објавуваат фотографии од новогодишното дрво на социјалните мрежи, но она што може да се забележи е дека тоа е украсено само во неколку бои кои имаат посебна симболика.

Јелена објави фотографија од елка  во 2018 година, а тогаш  на големо се пишуваше за неа. Украсувањето беше автентично, а Јелена ги снимила  и посебните украси,  со имињата на децата, како и нивните миленици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Новак пак, минатата година сними видео пред елката во својот дом кога им го честиташе Божиќ на сите кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар, а потоа по долги години повторно ја видовме нивната елка која беше украсена со златна, сребрена и бела боја.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

На некој начин овие бои на елката ја симболизираа и кариерата на Новак Ѓоковиќ, пишува „Курир“.

Имено, Ноле кој е најдобар тенисер на светот, освоил најмногу први места на турнирите, па оттука, златните лампиони ги симболизираат неговите победи. Се случуваше Ѓоковиќ да стигне до финалето и да загуби, па затоа е сребрената декорација која го симболизира второто освоено место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот