За една недела санкционирани 168 непрописно паркирани возила во Општина Центар

Вкупно 168 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар”, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

Во периодот од 20 јули до 26 јули, како што соопшти денеска ПОЦ, со помош на специјалните возила „пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 82 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 86 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје информираат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот