За една недела имунизирани над 10.000 лица против сезонски грип, Меџити е задоволен од одзивот на граѓаните

Вакцинација против сезонски грип/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, денеска го посети пунктот за вакцинација против сезонски грип во Поликлиника „Бит Пазар“. Меџити  изрази задоволство од досегашниот интерес на граѓаните и ги повика оние кои не се вакцинирани, да се пријават преку системот Вакцинација.мк, бидејќи како што рече, вакцините се безбедни и ефикасни и имаат значајна улога во спречувањето на ширење на заразни болести.

Како што соопшти министерот, за една недела од почетокот на вакцинацијата, се пријавиле вкупно 51.649 граѓани, додека пак, над 10.000 граѓани се веќе имунизирани. Податоците го потврдуваат високиот интерес кај граѓаните, вели Меџити, и додаде дека СМС порака со термин за вакцинација добиле над 370.000 граѓани.

-Одлуката за имунизација значи посветена грижа за сопственото здравје, но и за благосостојба на целото наше општество. Од витално значење е да се подигне свесноста за придобивките од вакцинацијата и сите заедно да бидеме посветени на нашите заложби да се заштитиме себеси и тие околу нас. Важно е нашата заедница да биде добро информирана и да ги охрабриме сите граѓани, а особено тие кои припаѓаат на ранливите групи да ја искористат можноста за имунизација која може да значи и спас на животи, истакна Меџити.

На вакционалниот пункт на Поликлиника Бит Пазар, за една недела вакцина против сезонски грип примиле 824 лица, додека пак, термин за вакцинација закажале вкупно 3.957 граѓани, но како што рече Меџити, бројот секојдневно расте.

Годинава, Министерството за здравство обезбеди 60.000 бесплатни вакцини наменети за имунизација на ризичните категории граѓани и здравствените работници, додека пак, центрите за јавно здравје обезбедуваат вакцини и за комерцијална употреба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот