За една година домаќинствата заштедиле и ставиле во банка речиси 424 милиони евра

Илустрација банкомат / Фото Архива

На крајот од јули во банките имало речиси 8,3 милијарди евра депозити, од кои 2,3 милијарди евра се од корпоративниот сектор, а 5,4 милијарди евра се од домаќинствата, покажуваат податоците од Народната банка.

Споредбите покажуваат раст на депозитите во банките, како од влоговите на компаниите, така и од влоговите на домаќинствата. Според податоците од Народната банка, вкупниот раст на депозитите во јули годинава во однос на пред еден месец е 11,1 проценти. Притоа поголем е растот на депозитите кај корпоративниот сектор и тој раст изнесува 18,9 проценти, а помал годишен раст имало кај домаќинствата и тој изнесувал 8,4 проценти.

Во апсолутни бројки, за една година депозитите на корпоративниот сектор се зголемиле за 384 милиони евра, а на домаќинствата за речиси 424 милиони евра!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот