За еден месец просечната-нето плата пораснала за 813 денари

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Просечната плата стигна до 29.943 денари, но иако реално за една година се зголеми за 5,8 проценти, реално, со вклучена инфлација растот е само 0,8 проценти

Просечната нето-плата во декември минатата година била 29.943 денари, објави Државниот завод за статистика. Во номинален износ, во однос на ланскиот декември просечната нето-плата е зголемена за 1.649 денари, или 5,8 проценти.  Но, како што пресметале статистичарите, реалниот раст, со земена во предвид инфлација е само 0,9 проценти, што значи дека најголем дел од разликата во платата од пред една година како и да не постои.

Сепак податоците покажуваат поголем реален раст има декемвриската плата во однос на ноемвриската. Во декември просечната плата е зголемена за дури 813 денари, во однос на ноември. Ова покажува дека половина од растот на платите за цела година се должи токму на растот на платите во декември минатата година. Декемвриската плата е поголема за 2,8 проценти во однос на ноемвриската, а реалниот раст, со вклучена инфлација е 2,4 проценти.

Инаку, компјутерското програмирање и понатаму го држи првото место во однос на висината на просечните нето-плати и таму износот е 79.180 денари и овој износ е за дури 6,9 проценти поголем отколку во ноември 2021 година. Најниска пеосечна-нето плата има во  дејноста: „заштитни и истражни дејности“, каде просекот е 16.325денари, што е за 1,6 проценти повеќе отколку во ноември. Во оваа дејност се агенциите за обезбедување – физичко, преку видео системи, како и вршењето на истраги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот