За еден час убиени повеќе од 50 луѓе во Газа

Напади во Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 50 луѓе биле убиени денеска за еден час од засилените израелски напади врз Појасот Газа.

„Израелската окупација ја прошири својата цел на повеќе области во Појасот Газа, убивајќи околу 50 луѓе во текот на изминатиот час“, нагласи портпаролот на Министерството за здравство во соопштение објавено вечерва.

Засега нема потврда од независни извори за таа цифра, наведуваат западни медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот