За два дена пламнаа три контејнери во Ѓорче Петров

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Во текот на изминатите два дена, непознати сторители запалиле три контејнери за комунален отпад на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Еден од контејнерите бил лоциран спроти Европската очна клиника, додека  останатите два контејнера се опожарени во непосредна близина на
Геријатриската болница.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ ги исчистија остатоците од изгорените контејнери и поставија нови садови.

Опожарувањето на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје. Апелираме да престане уништувањето на садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на ЈП „Комунална хигиена“ да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи од страна на Претпријатието и очекуваме да бидат преземени соодветни мерки за изнаоѓање и санкционирање на сторителите – истакна директорката на претпријатието, Косана Николиќ Мазнева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот