За да ги избегне нападите од Хутите, Израел ќе транспортира стоки од Индија преку ОАЕ

Брод плови кон Црвено Море додека ескалираат нападите од Хутите/ Фото: EPA-EFE/MOHAMED HOSSAM

Израел соопшти дека планираат да транспортираат стока од Индија преку Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), со цел да ги заобиколат и избегнат нападите на јеменското движење Хути во Црвено Море.

– Формиравме професионални тимови за да го олесниме копнениот транспорт на стоки од Абу Даби до Израел. Копнениот транспорт на стоки ќе го скрати времето за 12 дена и значително ќе го намали постојното време на чекање поради проблемот со Хутите, објави израелскиот министер за транспорт Мири Регев на социјалната мрежа Икс.

Властите на ОАЕ не ги коментираа овие наводи.

Тензиите ескалираа во Црвеното Море поради нападите на Хутите врз трговски бродови за кои постои сомневање дека се поврзани со Израел. Хутите тврдат дека нивните напади имаат за цел да извршат притисок врз Израел да ги запре нападите врз Појасот Газа.

САД и Велика Британија почнаа воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен како одмазда за нападите на Црвено Море, кои ги зголемија стравувањата од нов раст на инфлација и прекини во синџирот на снабдување.

Црвено Море е еден од најкористените морски патишта во светот за транспорт на нафта и гориво. Се користи за транзит помеѓу египетскиот Суецки Канал и Аденскиот Залив, дозволувајќи им на бродовите да ја избегнат многу поскапата и подолга рута низ јужниот брег на Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот