За 14 проценти намалена вкупната потрошувачка на струјата во домаќинствата во јануари

Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

За 14 проценти е намалена вкупната потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата во јануари. Вкупната потрошувачка на домаќинствата за минатиот месец изнесувала над 349 GWh, додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на електрична енергија и истата изнесувала 408 GWh, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од јануари од како во сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 отсто од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 проценти, споредбено со истиот период од минатата година, изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ минатиот месец донесе одлука со која цената на електричната енергија се намалува за 20,15 отсто за над 70 илјади мали фирми кои се на регулаторниот пазар, а за домаќинствата за прв блок се намалува за 4,11 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот