Вучиќ тврди дека уште една земја го повлекла признавањето на Косово, ама не може да открие која

Фото: РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од Минхен, каде учествува на 59-тата Минхенска безбедносна конференција, порача дека српската влада добила уште една нота со намера на една земја да го повлече признавањето на Косово, но и дека не може да открие која е таа земја.

„Клучна тема во речиси сите разговори беше дијалогот со Приштина“, рече Вучиќ по средбите со Емануел Макрон, Олаф Шолц, Кирјакос Мицотакис и други европски лидери и додаде дека смета оти добро ги застапува интересите на Србија.

„Имавме многу добри разговори со британските и грчките пријатели, но и со Германците, Французите и Американците. Добро е што дојдовме овде да ја зацврстиме нашата позиција. Разговаравме и за ЗСО и што рековме дека ќе го направиме за да го спроведеме планот за Косово. Сите знаат кои линии Србија не сака да ги помине. Бевме многу прецизни и јасни“, рече Вучиќ.

Новинарите го прашаа за „добрите вести“ што најави дека ќе ги објави наскоро.

Тој одговори дека српските власти добиле нота со која уште една земја го повлекува признавањето на Косово, но посочи дека не може да каже за која земја се работи бидејќи договорот е да се чека десет дена за официјалното објавување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот