Вучиќ се надева дека Украина нема да го признае Косово

Фото Инстаграм

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со украинскиот колега Володомир Зеленски изјави дека имал „добар и отворен“ разговор со Зеленски, и дека Украина ја има нивната поддршка. Тој се надева дека Украина нема да го признае Косово.

Во изјавата по средбата, Вучиќ вели дека немал проблеми со тоа што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го поканил и косовскиот премиер Албин Курти на самитот во Атина.

-Немам проблем со Мицотакис што Курти беше таму. Беа фер пред да се фотографираме, името и знамето на Косово никаде не беа истакнати. Имаше само Белград, Приштина. Мицотакис синоќа изјави дека нема да има промена во ставот на Грција за независноста на Косово. Речиси сум убеден дека Украина нема да го промени ставот за Косово, изјави Вучиќ.

Вучиќ изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина и дека со Зеленски разговарал за идна соработка.

„Се разбира, ја поддржавме Украина на нејзиниот европски пат. Синоќа беше донесена таа декларација, на маса бевме 14, сите бараа посилен речник, ние како мала држава не можеме да влијаеме што прават големите, но успеавме да побараме тие работи што се против нашата политика да не бидат вклучени во декларацијата. Ќе зборувам за тоа денес или утре. Во секој случај, им благодарам што ја разбраа позицијата на Србија и фактот дека има работи за кои не можеме да одлучуваме во овој момент. Не можеме да кажеме кој е криминалецот. Нека ја работи таа работа некој во надлежните органи на некоја држава“ додаде Вучиќ.

Српскиот претседател откри и неколку детали од средбата на лидерите на Западен Балкан и ЕУ, каде го поздрави потегот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски да ја критикува посетата на Курти во Тетово, која беше силно осудена во Србија.

– Видов дека Ковачевски реагираше многу жестоко и отворено против Курти. Тој пред сите зборуваше многу остро против Курти што ги изненади сите. Анреј Пленковиќ имаше сериозен, систематски и рационален пристап кон идните европски прашања – рече Вучиќ, а потоа продолжи на глобалните теми од средбата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот