Вучиќ негира дека потпишал некаков договор со Зеленски

Зеленски на Самит во Тирана/ Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека во Тирана, на самитот Украина – Југоисточна Европа, Србија не потпишала никакви аранжмани и договори со претседателот на Украина Володимир Зеленски за соработка во однос на оружје и муниција.

– Не, ние не потпишавме никакви аранжмани со претседателот Зеленски. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина, а тие го поддржуваат територијалниот интегритет на Србија. И ние сме им длабоко благодарни. Двете земји ги поддржуваат прописите на Повелбата на ОН и резолуциите на ОН, кои се темел и основа на меѓународното јавно право, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија со ова одговори на прашањето на странските медиуми да коментираат како во средата во Тирана ја потпишал Декларацијата за осуда на руската агресија врз Украина, а во исто време порачал дека Србија нема да воведе санкции против Руската Федерација и зошто Србија би задржал таков „хибриден однос“ кон Украина и Русија, како и дали потпишал некакви конкретни договори со Зеленски во врска со оружје или муниција.

Зборувајќи за односот на Србија кон Русија, Вучиќ истакна дека тоа не е „хибридна позиција“, туку многу јасен став на слободна земја која носи свои одлуки, за себе и за доброто на својот народ.

Тој потсети дека Србија беше под санкции речиси една деценија и дека „добро знае како тоа функционира“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот