Вселенското летало на „Спејс Икс“ полета за Меѓународната вселенска агенција

Вселенското летало „ Кру Драгон“ (Crew Dragon) на компанијата на Илон Маск „Спејс ИКС (SpaceX) денеска полета кон Меѓународната вселенска станица (ISS) од вселенскиот центар Кенеди, во Флорида, соопшти НАСА.

Членови на мисијата „Кру-7“ се астронаутот на НАСА, Џасмин Могбели, астронаутот на Европската вселенска агенција, Андреас Могенсен, космонаутот на Роскосмос, Константин Борисов, и астронаутот на Јапонската вселенска агенција, Сатоши Фурукава, пренесува Тасс.

Леталото треба да слета на МВС во 14.50 часот по средноевропско време.

Екипажот на „Кру-7“ ќе учествува во повеќе од 200 научни експерименти кои, меѓу другото, вклучуваат собирање на примероци од микроби од надворешноста на МВС и проучување на спиењето на астронаутите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот