Времето денеска: Облачно, попладнето со обилен дожд и засилен ветер

Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 литри на квадратен метар), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (со брзина повисока од 60 километри на час).

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува.

И утре ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни претпладне во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот