ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, значително заладување во текот на неделата

облачно, временска прогноза
Облачно време, илустрација / Фото: Слободен печат, архива

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите ќе престануваат и особено во северните и источните делови повремен снег ќе паѓа и на пониските места. Во вторник и потоа и кон крајот на работната недела ќе дува повремено силен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и ова ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот