ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Нѐ очекуваат промени на времето, понесете чадор

фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер, особено во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно, во јужните и југоисточните предели ќе има услови за локален дожд. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Сепак наутро температурите речиси насекаде ќе се задржат над нулата, прогнозира метерологот Славчо на Утрински брифинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот