Вреќи ѓубре се собираат по посетата на граѓаните на излетничките места

Скопјани, кои викендите ги користат за посета на некое од излетничките места во градот, не се грижат доволно во каква состојба го оставаат просторот што го посетиле. Расфрлано ѓубре, остатоци од храна, пластични шишиња и хартии по зелените површини сведочат за секој престој на граѓаните во природа. Па така, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ имаа полни раце работа во СРЦ „Сарај“, Водно и во паркот во Гази Баба, каде собраа десетици вреќи со ѓубре кое посетителите го оставиле зад себе изминатиот викенд. Покрај тоа, екипите извршиле косење на тревата и кроење на грмушките на овие локации.

Од претпријатието посочуваат дека овој период ги извршуваат редовните активности на градското зеленило во сите делови на Скопје., собираат паднати лисја и вршат есенски активности на одржување и уредување на зеленилото.

И во Градскиот парк се чистат асфалтните и песочните патеки, се собира хартија, лисја и отпадоци, а со сезонски цветен расад се уреди цветната фигура ѕвезда. На делови низ јавното зеленило екипите продолжуваат со косење на тревата, собирање на откосот и утовар на истата – информираат од „Паркови и зеленило“.

Продолжува и садењето на сезонскиот расад на хризантема, љубичица, бела рада и декоративна зелка во цветните леи и фигури во Центар, Капиштец и кај Ректорат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот