
Враќање на фудбалот уште во 13 европски земји
И натаму нема официјални информации околу првенствата во Англија, Италија и Шпанија, претходно Французите одлучија предвреме да ја завршат сезоната…
Препорачано
Пред празни трибини се играат веќе натпреварите во првата и втората германска лига, со практикување на здравствениот протокол.
И натаму нема официјални информации околу првенствата во Англија, Италија и Шпанија, претходно Французите одлучија предвреме да ја завршат сезоната, а крај прогласија уште Малта, Кипар, Белгија и Холандија.
Англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига се надеваат дека ќе продолжат на 12 јуни, а еден ден подоцна и италијанската Серија А, играчите веќе тренираат индивидуално и групно, но и натаму „зелено светло“ од тамошните власти за продолжување на шампионатите.
Во 13 други европски земји веќе е познато рестартирањето на фудбалските лиги, освен доколку не се случи итна состојба поврзана со инфекцијата.
Распоред:
Естонија – 19 мај
Чешка – 23 мај
Унгарија – 23 мај
Данска – 28 мај
Полска – 29 мај
Израел – 30 мај
Србија – 30 мај
Албанија – 2 јуни
Австрија – 2 јуни
Бугарија – 5 јуни
Хрватска – 5 јуни
Романија – 5 јуни
Исланд – 13 јуни