Вработен во НП Галичица за дрва земал пари во кеш и не изготвувал записници

Фото: Julian Cartwright / Alamy / Alamy / Profimedia

Охридската полиција поднесе кривична пријава против К.С. (63) од Охрид, поради „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.

„Тој, од 2020 година, во својство на службено лице – вработен во Националниот парк ‘Галичица’, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста Јадера, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација“, велат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот