ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Во стампедо во Јемен загинаа најмалку 85 луѓе, над 300 се повредени

Јемен стампедо / Фото AFP / AFP / Profimedia

Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, за време на стампедо, јави француската новинска агенција „АФП“. Бројот на загинатите и повредените расте доста брзо бидејќи првите информации беа за триесет мртви за време на хуманитарен настан одржан во Сана, град контролиран од бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за „АФП“.

Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени. Меѓу загинатите има деца и жени, а се соопштува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба.

Бунтовниците Хути, врзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата. Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот