ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Претепаното Ромче од Кочани низ солзи моли да го однесат кај мајка му

Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10-годишно дете, Ромче, за наводна кражба. Веднаш по настанот на одредени портали осамна информација дека на 11 април, оваа година, околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата „Трајаново Трло“ во Кочани и група крадци – Роми, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди. Но, ниту еден од тие медиуми не ја спомна снимката со тепањето дете и зошто всушност дошло до физичка пресметка, објави Цивил Медиа.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа како жителите на „Трајаново Трло“ физички малтретираат малолетно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба. Се слуша и како детето плачејќи ги моли да го однесат кај мајка му, но наместо тоа, тој добива клоци, шамари и тупаници.

Инаку, овој инцидент се случува откако пред само неколку дена жителите од „Трајаново Трло“ на протестот против изградба на типски куќи на социјално загрозени семејства, истакнаа транспарент „Само преку нас мртви“, нагласувајќи дека нема да дозволат до нив да се изгради нова населба која ќе биде населена со Роми.

Патем, од Здружението на правници Роми од Скопје најавија ќе поднесат кривична пријава против непознат сторител заради малтретирање и претепување малолетник во конкретниов случај.

Од Здружението бараат надлежните институции итно да го расветлат и да му дадат разрешница на случајот, а до медиумите апелираат за соодветно информирање на јавноста, согласно етичките вредности и принципи од Кодексот на новинарите.

Здружението на правници Роми ќе поднесе кривична пријава за инцидентот во Кочани

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот