Возбудлива вечер во НБА: Лилард и Нуркиќ заминуваат од Портланд, нови договори за Вестбрук и Брук Лопез

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Раздвижено беше изминатата вечер во НБА лигата, а како поважни моменти се издвојуваат заминувањата на Демијан Лилард и Јусуф Нуркиќ од Портланд.

Лилард си заминува од Портланд по 12 години. Двајцата би можеле да заврашт на Флорида, а во трејдот се споменуваат Кајл Ловри, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот во 2028 и 2030 година.

Имаше и продолжување на договорите, помеѓу они кои се решија на таков потег беше и Расел Вестбрук кој стави потпис на нова соработка со Клиперс. Од новиот договор Вестбрук ќе добие осум милиони долари.

Милвоки ја продолжи соработката со Брук Лопез со договор вреден 48 милиони долари. Во изминатата сезона тој забележа 15.9 поени по натпревар, заедно со 6.7 скока и 2.5 блокади по натпревар.

За издвојување е и новиот договор на Домантас Сабонис кој ќе остане во Сакраменто за договор вреден 217 милиони долари, соработката е продолжена на пет години. Во изминатата сезона овој 27-годишен кошаркар забележа 19.1 поени и 12.3 скока по натпревар.

Ќе потсетиме и дека во НБА лигата се враќа Данте Егзум кој од Партизан се сели во Далас Маверикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот