Возач на електричен тротинет пренесен во болница откако во него удрил автомобил

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера, во болница со тешки телесни повреди бил пренесен дваесет и двегодишниот Е.А кој возејќи електричен тротинет бил удрен од автомобил.

„На 04.10.2023 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во Пирок, тетовско, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.А. од Пирок, удрило во електричен тротинет што го управувал 22-годишниот Е.А. од истото село. Во несреќата, Е.А се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот