Возач излетал од пат со камион, а во него полицајци пронашле марихуана

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Откако првоосомничениот му помогнал на второосомничениот да отвори транспортна фирма и да започне со работа како превозник, по идеја на првоосомничениот се договориле да преземат канцелариски материјал од фирма во Приштина. Второсомничениот заминал со товарното возило во Приштина, каде го оставил возилото за да се натовари потребниот материјал, а тој се сретнал со првоосомничениот. По кратко време првоосомничениот отишол да види до каде е утоварот, па откако бил завршен, второсомничениот со товарното возило се вратил во Република Северна Македонија, додека првоосомничениот се вратил со такси-возило. По завршувањето на шпедициските формалности, првоосомничениот го известил второосомничениот дека со натоварената стока треба да замине во Република Грција, по што второосомничениот така постапил. Меѓутоа, на 09.11.2020 година, движејќи се по патот Велес-Скопје кај м.в.Ветерско, второосомничениот изгубил контрола над товарното возило и излетал од патот при што се здобил со телесни повреди. При преглед на товарното возило, овластени полициски службеници пронашле две пакувања во вкупна количина од 2008 грама наркотична дрога – марихуана која второосомничениот неовластено заради продажба ја пренесувал, а во што со умисла му помогнал првоосомничениот-наведуваат од ОЈО Велес.

Со оглед на видот и тежината на стореното кривично дело и можноста истото да биде повторено, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. ​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот