Волонтер од Нови Пазар со вештачко дишење спасил жена која имала коронавирус

Сенад Даутовиќ од Нови Пазар со вештачко дишење спасил жена која престанала да дише иако знаел дека е заразена со коронавирус. Тој за среќа не се заразил, но жената починала по 15 дена.

Даутовиќ, кој како волонтер му помагал на персоналот во Општата болница во Нови Пазар, направи вистински подвиг кога на жената, која била позитивна на Ковид-19, во просториите на болницата со вештачко дишење и го спасил животот.

„Звукот на сирената најави дека стигнал уште еден пациент во критична состојба. Ја презедовме жената, која тешко дишеше. Додека стигнавме до ходникот на спратот, таа престана да дише. Се работеше за секунди кои одлучуваа за живот или смрт. Колегата почна да ги вика лекарите, одлуката ја донесов во секунда, почнав на жената да и давам вештачко дишење. Немав време да размислувам за своето здравје, ниту за можни последици“ раскажува Сенад.

Тој подоцнаи дополни морал да се тестира за коронавирус и за среќа тестовите покажале дека е негативен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот