Војната во Украина ја натера Германија да го зголеми бројот на скривници

Германската Министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер/ Фото EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германија почна да работи на зајакнување на своите скривници, како и на градење кризни резерви во случај на војна, објави во саботата весникот Велт ам Зонтаг, цитирајќи ја министерката за внатрешни работи на земјата, пренесува Ројтерс.

По повеќедецениско трошење на германските вооружени сили, руската војна во Украина доведе до голема промена на политиката при што германскиот канцелар Олаф Шолц вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана и ќе вбризга 100 милијарди евра (109 милијарди долари) во армијата.

Владата, исто така, размислува за надградба на системите за јавни засолништа и ќе ги зголеми трошоците за цивилна заштита, изјави за весникот министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

„Во моментов има 599 јавни засолништа во Германија. Ќе провериме дали би можеле да надградиме повеќе такви системи. Во секој случај, демонтирањето е запрено“, рече Фезер.

Германија работи на нови концепти за зајакнување на подземните паркинзи, станиците на подземната железница и подрумите за да станат можни скривници, рече таа, додавајќи дека владата им дала на сојузните држави 88 милиони евра за поставување нови сирени.

„Но, што се однесува до покриеноста на национално ниво, ние не сме ни блиску“, додаде Фезер.

Земјата, исто така, ќе изгради кризни резерви со набавки, вклучително медицинска опрема, заштитна облека, маски или лекови, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот