Во Влае ќе се гради солитер од 11 ката, црква, градинка и монтажна гаража, вели Јакимовски

Влае/илустрација Фото: Фејсбук

Откако жителите на скопската населба Влае вчера на протест порачаа дека не сакаа нови згради, градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека според ДУП-от, во Влае е предвидена изградба на единаесеткатница и црква, како и градинка и монтажна катна гаража.

„Единаесеткатница ќе се гради, бидејќи е на приватно земјиште, со план изготвен од претходниот градоначалник, Стефан Богоев, изјави Јакимовски за ТВ24.

Поранешниот градоначалник Богоев, пак, негира дека во негово време е изготвен план за Влае.

„Јас план за Влае ниту сум изготвил, ниту сум донел, а тоа може лесно да се провери“, вели Богоев.

Советниците на СДСМ за ТВ24 брифираат дека „нема да дозволат бетонизација на Влае“. Тие вчера на протестот разговарале со граѓаните и велат дека даваат поддршка да се донесат измени со кои ќе се избрише нацртот за единаесеткатницата. Од друга страна, даваат поддршка да се донесе ДУП кој предвидува монтажна катна гаража, но и дозвола за граѓаните кои имаат веќе постојни објекти, а кои бараат доградба. Реагираа и од Левица – нема да гласаат ДУП во кој ќе ги нема барањата на жителите на Влае.

Иницијативата „Борба за Влае“, која ги организираше протестите, предупредува дека ако овој план се усвои, тоа ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот, на сметка на згради и паркиралишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот