Во Турција над 20 приведени во антитерористичка акција против Исламска држава

Турција полиција/Фото: Профимедиа

Дваесет и три осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава (ДАЕШ) се приведени во голема антитерористичка операција спроведена во седум турски окрузи, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја на својот профил на „Х“.

-Акцијата „Боздуган-29“ беше спроведена во областите Хатај, Јалова, Коња, Јозгат, Чанаккале, Сакарија и Текирдаг. Најмногу приведени членови на ДАЕШ има во Хатај – вкупно десет лица, истакна Јерликаја.

Во периодот од 1 јуни 2023 година до 22 април 2024 година против Исламската држава во Турција се извршени вкупно 1.422 акции, во кои се приведени 2.991 осомничен. Од нив 718 се во траен притвор, додаде министерот за внатрешни работи.

Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја вклучи Исламската држава на листата на терористички организации. Оттогаш, земјата постојано беше цел на групата, со најмалку десет самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади, при што загинаа најмалку 300 луѓе, а стотици беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот