Во тетовско над 300 возачи управувале возило без возачка во изминативе три месеци

Полиција -свр тетово- Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Во изминативе нешто повеќе од два и пол месеци од годинава, заклучно со денеска на поширокото тетовско подрачје вкупно се откриени и санкционирани 300 лица кои ги управувале возилата без претходно положен возачки испит и валидна дозвола.

„Триесетина од нив биле малолетници кои претежно управувале патнички моторни возила, сопственост на нивни родители или блиски. На сите им биле изготвени предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска, а со толкава глоба ќе се соочат и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека не го положиле теоретскиот и практичниот дел од возачкиот испит“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Во истиот период на гостиварското подрачје адекватно биле санкционирани 115 лица без возачки дозволи, од кои 8 биле малолетници.

Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не седнуваат зад управувачот беа возачки дозволи, не само кога станува збор за патнички или товарни возила, туку и мотоцикли кои во наредниот период ќе бидат се побројни на тетовските и гостиварските улици. Зашто, ќе се засилат планираните контроли и ќе се санкционираат сите оние кои без положен испит учествуваат во сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот