Во Србија се гради првата фабрика за производство на електрична и топлинска енергија со биомаса

Првата голема постројка за комбинирано производство на топлинска и електрична енергија со користење на биомаса ќе биде изградена во Србија во наредниот период, кога Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) ќе ја кредитира компанијата Дреник НД д.o.o. од секторот индустрија за хартија, со 106 милиони евра, објави ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка.

Биомасата е целосно еколошки прифатлива, се состои од органска материја од растително и животинско потекло која се распаѓа во природни процеси и испушта јаглеродни гасови, објави Нова.рс. Оваа нова фабрика ќе го поттикне производството на енергија од обновливи извори и ќе му помогне на Белград да ги намали емисиите на стакленички гасови!

Моќноста на централата е околу осум мегавати за производство на електрична енергија и 16 т/ч за производство на пареа, а ќе овозможи производниот погон во Србија наместо електрична енергија да користи биомаса и да ја намали потрошувачката на природен гас. Проектот е усогласен со Рамката за партнерство на Светска банка со Србија за периодот од 2022 до 2026 година, која предвидува поддршка за позелен и поотпорен економски раст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот