Во Србија од Ковид-19 се лекуваат 28 деца

Лекари/ Фото EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Во Србија во моментов од новиот коронавирус се лекуваат 28 деца, од кои четири бебиња. Заразените деца се на возраст од 15 дена до 17 години, јави РТС.

Раководителот на Клиниката за детски болести во Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ”, д-р Оливера Остојиќ, изјави за РТС дека децата се во добра општа состојба и дека досега имале две мали деца со потешка клиничка слика, но сега се чувствуваат подобро.

На Клиниката се лекувале 45 деца заболени од Ковид-19, но 20 од нив се веќе дома откако во два наврата имале негативен тест. Бебињата кои се лекуват се на возраст од 15 денови до 40 денови.

Вчера во Србија тестирани се најмногу граѓани од појавата на вирусот- 2.159 лица, од кои позитивни биле 275 случаи, со што вкупно заразени во Србија има 3.380 лица, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Во карантин за полесните случаи на епидемијата, на Белградскиот саем сместени се 323 лица, во спортскатa сала Чаир во Ниш и хотелот Ценротурист има 361 лице, а на Новосадскиот саем сместени се 127 пациенти.

Во Србија евидентирани се и 441 здравствен работник позитивни на вирусот, од кои 258 лица се хоспитализирани во болниците како средни и тешки случаи, додека останатите се наоѓаат во карантин. Во Ковид болниците хоспитализирани се вкупно 2.436 пациенти, од кои 145 лица се во критична состојба и ставени се на респиратор, соопшти Лончар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот