Во Словенија за два дена од ковид-19 починаа речиси 50 лица

Болница во Словенија/Фото: EPA

Во Словенија во последните два дена починале речиси 50 лица како последица од коронавирусот.

Како што објави словенечката влада, денеска починаа 25, а вчера 23 лица.

Во Словенија денеска се потврдени 1.342 случаи на коронавирус во последните 24 часа, на направени 4.807 тестови, со што вкупниот број на инфекции од почетокот на пандемијата се зголеми на 35.649.

Бројот на хоспитализирани е зголемен на 821, во однос на 779 од претходниот ден, а бројот на луѓе на интензивна нега порасна од 122 на 131, пренесе агенцијата Хина.

Според податоците од министерството за здравство од последиците на ковид-19 починале 357 лица.

Од починатите, 70 отсто се штитеници на домовите за старци, каде ситуацијата и во сегашниот, втор бран е многу тешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот