Во Сирија во американски напад со дронови убиен водач на ИД

Фото: EPA-EFE/YAHYA NEMAH

Пентагон денеска соопшти дека при напад со дрон во Сирија убиен е еден од лидерите на Исламска држава, Усама ал Мухаџир.

Според неименуван американски претставник, повеќе од два часа руски летала ги попречувале трите американски дронови, кои биле во потрага по Мухаџир.

Тој во момент на нападот возел мотор во Алепо.

Мухаџир е елиминиран во северозападна Сирија, но обично дејствуваше во источниот дел од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот