Во САД во првите два месеци од 2023 година од огнено оружје загинале 6.278 луѓе

Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Во првите два месеца од 2023 година во САД од огнено оружје биле убиени 6.278 луѓе, што е во просек по 116 луѓе дневно, според непрофитната организација „Gun Violence Archive“.

Најголем број на смртни случаи поврзани со оружје се самоубиства – 56 отсто, или 66 дневно. Меѓу убиените од оружје имало 227 тинејџери и 36 деца.

Најголем дел од смртните случаи се во сојузните држави Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Илиноис и Луизијана.

Во билансот се вклучени и смртни случаи во кои полицијата убила 196 лица, додека 52 биле убиени по „ненамерно“ пукање.

Во 2023 година имаше и 84 масовни престрелки – загинаа 126 лица, а 336 беа ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот