Во САД повлечено одобрението за лекот против коронавирус кој го промовираше Трамп

A pharmacy tech holds a bottle of Hydroxychloroquine at Rock Canyon Pharmacy in Provo, Utah, on May 20, 2020. US President Donald Trump announced May 18 he has been taking hydroxychloroquine for almost two weeks as a preventative measure against COVID-19., Image: 520974657, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: GEORGE FREY / AFP / Profimedia

Воочено е дека хидроксиклорокинот и клорокинот се врзани со појава на сериозни срцеви тегоби како и други нус појави меѓу пациентите заразени од коронавирус.

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го повлече одобрението за итна употреба на лековите хидроксиклорокин и клорокин при лекување на заболените од коронавирус.

Лекот хидроксиклорокин инаку се користи за спречување и лекување на маларија, а Доналд Трамп многу често го рекламираше како потенцијален лек за лекување на коронавирусот и рече дека и самиот го земал.

„По разгледувањето на моментално достапните истражувања за лековите, ФДА утврди дека овие лекови не ги исполнуваат законски пропишаните критериуми за одобрување за итна употреба зошто не се темелат на најновите научни докази и малку е веројатно дека ќе бидат делотворни во лекувањето на ковид-19“, соопшти денеска Агенцијата на сопствената страница.

Сериозни нуспојави

„ФДА заклучи дека врз оснвоа на најновите информации повеќе не е разумно да се верува дека оралната употреба на HCQ и CQ би можела да биде делотворна во лекувањето на ковид-19, ниту е разумно да се верува дека познатите и потенцијалните користи од овие производи ги надминуваат нивните познати и потенцијални ризици“, напиша главната научникчка во агенцијата ФДА Денис Хинтон во писмо до Гари Дисброу од Управата за напредни биомедицински истражувања и развој (БАРДА)

Одобрението за итна употреба на тие лекови беше со тесна намена, а се однесуваше само на хоспитализираните пациенти со ковид-19. Но воочено е дека хидроксиклорокинот и клорокинот се врзани со појава на сериозни срцеви тегоби како и други нус појави меѓу пациентите заразени од коронавирус.

СЗО ја испитува делотворноста на хидроксиклорокинот

СЗО рече денеска дека се уште се испитува делотворноста на хидроксиклорокинот во лекувањето на заразата од коронавирусот. СЗО привремено ги паузираше споменатите клинички испитувања во мај поради загриженост поради безбедноста на лекот и поради анализите на сопствените податоци, но програмата ја продолжи на почетокот на овој месец.

Трамп често промовираше комбинација на хидроксиклорокин и антибиотикот азитромицин (Сумамед) како лек за ковид-19, и покрај молбите на научниците да причека за да може научната заедница да утврди која е реалната делотворност на тие лекови. Дополнително, рече дека и самиот земал хидроксиклорокин за да ја спречи можноста да се зарази од коронавирус.

Студиите покажаа: Лекот за коронавирус на Трамп е бескорисен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот