
Во Радовиш ќе се игра финалето на Купот на Македонија во футсал
Радовиш ќе биде домаќин на финалето на Купот на Македонија во футсал, што ќе се одигра во сабота, 27 април, со почеток од 19.00 часот, во спортската сала „25 Мај“.
Препорачано
Во големото финале ќе се соочат два тима кои со својата игра сезонава заслужено стигнаа до борбата за трофејот – КМФ Форца 2015 од Куманово и КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка. Двете екипи зад себе имаат одлична сезона и настапи кои оставија одличен впечаток кај љубителите на футсалот.
КМФ Форца 2015 е екипа која сезонава веќе го обезбеди првото место во најдобрата футсал лига.
Нивниот противник во Куп финалето, КМФ Осогово 2022, е релативно млад клуб, но со брз и силен подем, што го потврди и со пласманот во ова значајно финале.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз – Радовиш, ќе овозможи финалниот натпревар да биде организиран на највисоко ниво, со надеж дека публиката ќе ужива во вистински празник на футсалот.
Се покануваат сите љубители на футсалот да бидат дел од ова финале, да ги поддржат своите тимови и заедно да се создаде атмосфера достојна за меч за трофеј.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5