Во Прилеп седум нови случаи на коронавирус и по еден во Долнени и Кривогаштани

Прилеп/Фото: МИА

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Во Прилеп денеска се регистрирани седум нови случаи на лица заболени од Ковид-19 и по еден случај во општините Долнени и Кривогаштани, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Двајцата заболени од општините Долнени и Кривогаштани, се жители на населените места Заполжани и Боротино.

На Инфективното одделение во прилепската болница „Борка Талески” моментално се хоспитализирани 19 лица позитивни на коронавирусот. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а другите се со стабилна клиничка слика. Четири пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 334 лица.

Со седумте новозаболени лица, во Прилеп вкупно се регистрирани 124 лица, а досега починаа три лица. Локалните власти вчера информираа дека излекувани се седум лица.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие, три лица не го почитувале полицискиот час и ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот