Во посета на Бугарија е главниот преговарач на Албанија со ЕУ

Зеф Мази, кој е главен преговарач на Република Албанија со ЕУ, е во посета на Бугарија. Во Софија го примија бугарскиот потпретседател Илиана Јотова и министерот за правда Јанаки Стоилов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во фокусот на разговорот меѓу Јотова и Мази бил напредокот на Албанија на патот кон ЕУ.

Мази посочи дека Албанија е сериозно фокусирана на реформите што ги бара ЕУ. Тој се заблагодари за поддршката на Бугарија и рече дека Албанија сака да го искористи бугарското искуство.

Мази истакна дека поддршката за членството во ЕУ меѓу албанските граѓани е 92 отсто и секое понатамошно одложување ќе доведе до исцрпеност. Албанија очекува да има јасна перспектива во јуни и се надева дека ќе го стори тоа на Европскиот совет.

За време на нивниот разговор, беше дискутирано и за билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Имаше едногласен став, како што пренесува БНР, дека проблемите меѓу Софија и Скопје треба да се решат преку преговори меѓу двете земји, а не преку европски посредници. Зеф Мази беше примен и од министерот за правда на Бугарија Јанаки Стоилов.Двајцата разговараа за напредокот на Тирана во судските реформи. Главниот преговарач на Албанија со ЕУ и се заблагодари на Бугарија за нејзината постојана поддршка на патот на Албанија кон евроинтеграциите.Посетата на Мази на Софија е дел од неговата турнеја низ земјите-членки, каде го претстави напредокот на Албанија на патот кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот