Во новиот пакет за Украина голем број Бредли, МРАП, и други оклопни возила

И покрај тоа што во најавениот пакет помош од 1 милијарда долари од САД не беше прецизирана количината на префрленото оружје, во другите јавни извештаи од Пентагон делумно се наведува бројот во категоријата оклопни возила и опрема за возила, пишува „en.defence“.

Конкретно, помошта вклучува трансфер на неодреден број пешадиски борбени возила М2 Бредли, лесни тактички возила МРАП и воени теренци „HMMWV“.

Американското Министерство за одбрана го ажурираше генералниот список на оружје пренесено во Украина во Фактичкиот лист за американската безбедносна помош за Киев.

Треба да се напомене дека бројот на борбени возила на пешадија во генералниот список е нејасен и е наведен како повеќе од 200, наместо 186-те единици наведени претходно.

Според промените во списоците, Украина добила повеќе од 200 тактички теренци.

А преносот на „1000 HMMWV“ во една испорака е повеќе од импресивно.

2.000 единици се префрлени во последните две години во Украина. Значајно е двојно зголемување на бројот на неименувани оклопни возила во категоријата МРАП, бидејќи досега се испратени 500, а сега се очекува бројката да достигне 1.000 единици.

Што се однесува до возилата МРАП, најверојатно ќе се обезбеди дополнителен модел „MaxxPro“. Овој тип на возила тешки 14 тони добро се покажале на бојното поле и добија позитивен фидбек од украинските војници.

Во исто време, другите оружја што беа пренесени, вклучително и муниција и противтенковско оружје, не беа ажурирани.

На пример, бројот на повеќе од два милиони гранати од 155 мм, како и повеќе од 10.000 преносливи противтенковски системи Џавелин остана непроменет.

ВИДЕО| Aндоновиќ: Во финансискиот пакет за одбрана покрај Украина и Израел, американски пари доби и Тајван

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот