ИНФОГРАФИК Во Македонија живеат 58,48 отсто Македонци и 24,3 отсто Албанци

Фото: Слободен печат

Во Македонија живеат вкупно 1.836.713 граѓани. Од нив, како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци. Ова се резултатите од Пописот на населението и домаќинствата кои денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %, 3,98 % Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи. Само 3. 500 граѓани се изјасниле како Бугари. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица.

Од нерезидентното население, пак, што значи македонски граѓани кои се надвор од државата повеќе од 12 месеци и странци кои се во земјава помалку од 12 месеци, 24,45 отсто рекле дека се Македонци, а 66,36 Албанци, 4,79 се изјасниле како Турци, 1,02 Роми 0,19 Власи, а 0,35 Срби.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски рече дека успешно и професионално е завршен процесот на попишување на населението домаќиствата и становите.

– Успешен и професионален завршен Попис во 2021 година. Податоците ги објавуваме во предвидениот 6 месечен период, нагласи Симовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот