
Во Кумровец илјадници луѓе го прославија Денот на младоста
По 15 пат денеска во родното место на Јосип Броз Тито Кумровец во Хрватска, се одржа прославата на Денот на младоста.
Препорачано
Оваа година имаше околу 15 илјади луѓе, најмногу досега, во претходните години имало најмногу 10 илјади.
Како и во минатите години, така и оваа, беше забрането да се вее исклучиво југословенското знаме и да се носи униформа на ЈНА, додека сите други комунистички симболи слободно можеа да се истакнат. Сепак, присутните носеа знамиња на Југославија.
Имаше посетители од сите делови на Хрватска, но имаше и од Словенија и Босна и Херцеговина.
Во Кумровец денес беше и поранешниот претседател на Југославија, а подоцна и на Хрватска, Стипе Месиќ.
Тој за српската телевизија Н1 изјави дека оние кои прослава на Денот на младоста го нарекуваат „бал на вампири“ се всушност оние кои не разбираат што се случило во Југославија и Хрватска во Втората светска војна.
– Бал а вампири се оние кои Блејбург е местото каде што настанала Хрватска. Хрватска настанала во НОБ, борбата за самостојност на Хрватска, за враќање на Истра, Меѓумурје, Река, островите. Тоа е правата хрватска историја – изјави Месиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
12мин
-
16мин
-
18мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5