Во Косово уапсен македонски државјанин, се обидел да продаде 96 илјади фалсификувани долари

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што уапсила државјанин на Република Северна Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

-Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот