Во Косово годинава осуммина новозаболени од СИДА

Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), по повод 1 Декември – Светскиот ден на ХИВ/АИДС, соопшти дека во земјата годинава се регистрирани осум нови случаи на заболени од СИДА/ Фото: МИА

Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), по повод 1 Декември – Светскиот ден на ХИВ/АИДС, соопшти дека во земјата годинава се регистрирани осум нови случаи на заболени од СИДА, јави дописникот на МИА од Приштина.

Меѓу новозаболените годинава е и едно дете под 15-годишна возраст, објави ИКШПК.

„Во 2021 година се регистрирани осум случаи со ХИВ инфекција, од нив седум се од заедницата МСМ (односи меѓу мажи) и едно дете под 15- годишна возраст. Косово се вбројува меѓу земјите со ниска преваленција (предоминација) на ХИВ кај севкупното населени и ниска преваленција кај клучното население: мажи кои имаат сексуални односи со мажи (МСМ), лица кои инјектираат дроги (ПИД) и жени сексуални работнички (ФСК). Постоечките податоци потврдуваат дека немаме генерализирана или сконцентрирана епидемија на ХИВ инфекцијата„”, се вели во соопштението.

ИКШПК наведува дека од 1986 година, кога е забележан првиот случај, во Косово досега се регистрирани вкупно 139 заразени, од кои 50 ја изгубиле битката со болеста.

Од појавата на оваа пандемија, на почетокот на 80-тите години, во светот се забележани 79,3 милиони случаи на заразени. На светско ниво се смета дека моментно има околу 38 милиони носители на ХИВ вирусот. Во текот на 2020 година од СИДА починале околу 680 илјади лица, додека 1,5 милиони ја совладале болеста.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот