Во конфликтот меѓу Ерменија и Арезбејџан досега загинаа 542 ерменски војници

Колаж: ЕПА-ЕФЕ

Седумнаесет ерменски војници беа убиени во нови борби во Нагорно Карабах со што вкупната бројка е 542 од избувнувањето на вооружениот конфликт на 27 септември, соопштија денеска официјални лица на самопрогласената република Нагорно Карабах.

Во судирите што избувнаа во Нагорно Карабах од 1990 година, загинаа околу 30.000 луѓе.

Ранети ерменски војници/Фото: EPA-EFE/Hakob Margaryan /PHOTOLURE

Нагорно-Карабах е енклава во Азербејџан населена со Ерменци и од војната во првата половина на 90-тите години владата во Баку нема контрола над таа територија.

Обновените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно-Карабах ескалираа на 27 септември. Двете земји прогласија воена состојба и општа мобилизација и пријавуваат жртви, вклучително и цивили.

Од 1992 година се одржуваат преговори за мирно решавање на судирите во рамките на Организацијата за безбедност и соработка Минск групата, со која претседаваат Русија, САД и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот