Во истрагата за сообраќајната несреќа во Либија се вклучила и грчката служба за разузнавање

Поплави Либија / Фото: Emhmmed Mohamed Kshiem / AFP / Profimedia

Министерствата за надворешни работи и национална одбрана на Грција започнале истрага за сообраќајната несреќа што се случи во Либија и животот го загубија петмина членови на грчкиот спасувачки тим, додека пак во истрагата се вклучила и Националната служба за разузнавање (ЕИП), објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „То вима“ пишува дека во оваа фаза ЕИП помага на ниво на обезбедување информации, додека пак телевизијата „Скај“ објави дека вклучувањето на службата во истрагата е по барање на надлежните Министерства.

Засега, според официјалните соопштенија од надлежните грчки органи, станува збор за сообраќајна несреќа, а не за нешто друго.

Државната телевизија „ЕРТ“ објави дека експлозијата и големиот пожар што следеле по судирот, веројатно се поради модифицираниот резервоар и големото количество гориво во возилото што удри во автобусот на грчката хуманитарна мисија

-Во ЕИП нагласуваат дека истрагата е сѐ уште во многу рана фаза и уште не може да се исклучи никаква можност, но и дека ваква е сликата засега ја добиваат од нивните „извори“ од земјата, објави ЕРТ.

Грчките медиуми пишуваат дека постојат низа прашања за кои сѐ уште не постојат одговори, околу безбедносните мерки, точните околности под кои се случи сообраќајната несреќа и сл.

Во несреќата во Либија животот го загубија тројца припадници на грчката армија и двајца преведувачи, додека пак најмалку десет лица се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот