Во иста вечер прослави титула со Партизан и беше избран на НБА драфтот

Фото: KK Partizan

Tимот на Партизан ја освои титулата во АБА лигата откако во финалето ја совлада Црвена Звезда, а таа вечер вечно ќе ја памети младиот Тристан Вукчевиќ.

Истата вечер откако ја прослави титулата со својот клуб Вукчевиќ беше избран на НБА драфатот од тимот на Вашингтон. Иако претходно не беше во плановите на НБА екипата, сепак Вашингтон го избра како 42. пик.

Станува збор за кошаркар со одлични физички предиспозиции (213 сантиметри висок) кој располага со прецизен шут од дистанца. Секако, младиот Вукчевиќ беше пресреќен поради шансата која му се дава.

„Визардси, ви благодарам на приликата…Нема да се покаете. Ова е остварување на сонот, никој не знае колку работа и труд вложив, освен јас и моето семејство е гордо на овој момент. Спремни сме сите заедно работиме уште повеќе од претходно“, објави Вукчевиќ.

Според пишувањето на „ЕСПН“ тој би можел да остане уште една сезона во Партизан каде што сигурно би имал поголема минутажа, а потоа да се пресели во САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Vukčević (@vukcevic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот